Денес 29.04.2021 ден Велики четврток, библиотеката во соработка со ЗХ „Либертас“од Штип
реализиравме велигденска работолница со наслов „Велигденски радости“со учениците од 3/5 одделение од ООУ „Ванчо Прке“ и наставничката Фросина Камчева.
На работилницита децата се запознаа со симболиката на фарбање на јајца, за значењето на празникот и со тоа дадовме придонескон зачувување на нашата традиција. Рецитираа песни за Велигден а исто така им прочитавме и ние песни со тема велигден од литературата на детското одделение.
Сара Петров - ликовен уметник ги запозна со техниката „декупаж “ за шарање јајца и апстракна техника а учениците со сета своја креативност изработија прекрасни велигденски јајца. Истите беа дадени на учениците од посебните паралелки од ООУ „Ванчо Прке“ и на штитениците од „Дневниот центар“со што им посакавме убави и весели велигденски празници.






















На велигденската работилница и претходеше т.н. урбана уметност, односно децата дворот пред библиотеката со креди во боја го исцртаа со шарени велигденски јајца а во исто време ја развиваа својата имагинација и креативност.

















