Националната установа универзитетска - Библиотека „Гоце Делчев" - Штип, додели признанија на основните и средни училишта во Штип и Карбинци, во рамките на манифестацијата „Од читалиште до библиотека", а која е дел од прославата 70 години од постоењето на библиотеката.
Директорката на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип, Милена Ристова-Михајловска, истакна дека со оваа манифестација сакаат да им оддадат признание на учениците и наставниците, кои учествуваат во сите проектни активности на библиотеката.
- Во текот на 2016 година реализиравме голем број на проекти поддржани од Министерството за култура, а надвор од тоа плус стотина афирмативни активности, со цел доближување на книгата на сите групи на читатели, вели Ристова-Михајловска.
Советникот за општествени дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов, вели дека 70 години од постоењето на библиотеката е јубилеј достоен за почит.
- Во оваа прилика се потсетуваме и на почетоците на библиотекарството во Штип, зборуваме за првото читалиште, кое во 1862 година Штип го добива во рамките на своето неделно училишта, а потоа прераснувајќи и создавајќи услови за присуството на книгата во нашиот град, вели Панајотов.