За успешен крај на годината штипската библиотека „Гоце Делчев“ ги награди најредовните читатели.Слободното време секогаш е добро искористено, кога покрај себе имаш добра книга. Највозрасните читатели и покрај тоа што работниот век го поминале во читање на стручна литература, таа љубов кон книгата ја продолживаат со читање на различни жанрови.
-Овој ден е посветен на нашите ценети читатели, консументи на духовната храна од библиотеката, книгата, да им оддадеме едно признание, една благодарност, за тоа што се постојано тука со нас и се дружат со книгата, изјави Соња Манева, библиотекар.
Наградите беа поделени на најверните читатели во детско, возрасно и академско одделение. Кај децата, награди беа поделени од прво до деветто одделение, а кај возрасните во категориите пензионери, вработени и ученици.
- По заминувањето во пензија најдов задоволство во читањето на книги, имам многу книги прочитано, некаде преку 200, секоја книга е посебна за себе, навистина книгата е најдобар другар и пријател на човекот, изјави Софија Димкова, добитник на награда.
Наставничката работа изгледа не влече кон читањето, ете и јас сум професор од гимназијата во пензија, со читањето не сум од пензионирањето, читам уште од детството, изјави Зорица Атанасова, добитник на награда.
Освен пензионери, беа наградени и студенти, а добитник на овогодинешната награда за студенти е Тургај Деде од Турција.Годинава имаше и награда за штипско семејство кое прочитало најмногу книги.
Со овие симболични награди штипската библиотека има за цел да ги мотивира и поттикне штипјани да читаат повеќе, како би се стекнале со поголемо знаење, но и духовно богатство на личноста.
Освен слободна литература библиотеката има на располагање и голем избор и на стручна литература.Штипската библиотека им нуди и семејни пакети на редовните читатели. Семејството Младенови се едни од нив.За време на новогодишните и божиќните празници, па се до први февруари штпската библиотека нема да работи во сабота.