Виолета Тодева-Мијалкова е долгогодишен одделенски наставник, сега во пензија. Пишува континуирано, но ретко се одлучува да отпечати нешто, и покрај тоа што во меѓувреме е добитник на многу награди.
Член е на Литературниот клуб ,,Искра" од Штип што функционира во соработка со Библиотеката.
Ова е нејзина втора книга, а поетскиот опус воопшто и е многу обемен и квалитетен.
Рецензент на книгата ,,Жена" на иницијатива на поетесата е м-р Милена Ристова-Михајловска, која го оценува ова дело како придонес кон современото македонско женско писмо.
Книгата ја отпечати: ,,2. Август" - Штип.