• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Во рамки на Штипско културно лето, во клубот „Матиз“ во Штип беше промовирана стихозбирката „Песни за Таја“ од Трајче Кацаров, со која авторот одбележа 30 години творештво.

- Писателот, драматургот, колумнистот и поет Кацаров, пее за „Таја“.Нејзиното семантичко полно trajcekacarov1име отвора поле за препознавање на секоја жена во неа.Таа е олицетворение на саканата.Таја е дијалектна форма од „таа“, однсно секоја жена.Таја е неговото совршенство - истакна при промоцијата м-р Милена Ристова - Михајловска која воедно има свој осврт на творештвото на Кацаров во стихозбирката „Таја“.

За ликот и делата на Кацаров, зборуваше Делчо Везенков, од НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ кој меѓу другото кажа:

- Литературната активност Кацаров ја почнал во 1986 година со стихозбирката „Во подмишките на будилникот“. Во изминатите три децении тој напишал четириесетина дела – драми, проза, поезија, есеи, осврти.

Делата на Кацаров се преведени на хрватски, украински руски, бугарски, англиски и на француски јазик. Објавен е во Антологијата на современата македонска поезија и драма.Кацаров е еден од најплодните штипски писатели, успешно докажан во секој литературен вид.

Инаку промоцијата беше оддржана на еден нов, современ начин, со претставување на врамени песни од стихозбирката „Таја“ закачени на ѕидот на локалот кои можат да се читаат од гостите во клубот „Матиз“ додека гастрономски уживаат.На промоцијата присуствуваа бројни роднини, пријатели и колеги на авторот Кацаров меѓу кои и претседателот на штипскиот општински совет, д-р Влатко Миташев.