Во присуство на над 250 посетители, Градскиот хор со диригентката Ивана Ѓурѓевиќ, вечерва на летната сцена во Библиотеката оствари богат репертоар во рамки на „Штипско културно лето 2016“.
Амфитеатарот на Библиотеката се покажа како идеално место за реализација на концерти од ваков тип.
Публиката - многубројна, реакциите - позитивни.
За поканите, програмата и репертоарот си беа одговорни луѓето од Градскиот хор, а комплетната логистика и организација ја оствари тим од Библиотеката и Општината со поддршка од ЈП „Исар“, Дом на млади и Центарот за култура.
На концертот присуствуваа: Градоначалникот на Општина Штип, прим. м-р Илчо Захариев, советници од Советот и Општината, директорката на Библиотеката и директорката на Дом на млади и, секако, многу љубители на музиката и уметноста.