• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2020“
 
НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип
03-187/2
05.10.2020
 
ПОТРЕБНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО
ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП
НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА
„19. МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ – ШТИП, 2020“
НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип и оваа година ги организира традиционалните, 19. по ред, „Митровденски средби на доктори на науки од Штип, 2020“, на кои според настанатата ситуација со КОВИД – 19, преку видео презентација ке бидат промовирани новите доктори на науки на ФБ страната на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, пред пошироката јавност, кои со овој највисок научен степен се имаат стекнато во периодот од 09.11.2019 до 25.10.2020 год. Исклучок ќе биде направен за лица кои докторирале пред наведениот период, а од оправдани причини не биле промовирани на истава манифестација.
Со цел учество и промоција на новите доктори на науки на оваа манифестација, потребно е истите да ја комплетираат подолунаведената документација.
Потребната документација е следнава:
1) Пополнет формулар со податоци за докторот на науки (Прилог 1.);
2) Примероци од: магистерскиот труд, докторската дисертација, издадените, публикувани книги (Прилог 2.);
3) Портретна фотографија во А3 - формат (Прилог 3.);
4) Фотографии од настапи и учества во земјава и во странство;
5) Задолжително обезбедување промотор (детали во Прилог 4);
6) Мултимедијално „ЦД“ што содржи кратка презентација на одбранетата докторската дисертација;
7) Кратка биографија во наративна форма во 3 л. едн. (Прилог 5.)
8) Видео запис од 5 до 7 мин. во кој промоторот ке изврши промоција на докторот на науки
Доставувањето на комплетните пријави се врши најдоцна до 25.10.2020 година во Архивата на НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип, кај лицето Тодор Џидров тел.076 489 897 и Вилма Јованова тел.078 472 605 и Соња Манева со тел.број 078 473 480
Поради настанатата ситуација со КОВИД – 19 ке нема физичко присуство на манифестацијата,а истата ќе биде презентирана на ФБ страната на НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип преку видео презентации на 08.11.2020 год. (Митровден). Манифестацијата „Митровденски средби на доктори на науки од Штип, 2020“, е влезена во Општинската програма за прослава на Денот на ослободувањето на градот. Комисија за распишување на Јавен повик за пријавување на нови доктори на науки од Штип, учесници на „Митровденски средби на доктори на науки, 2020“:
1) Тодор Џидров
2) Вилма Јованова
НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип,
В.Д директор,
Зоран Костовски
Прилог 1.
1) Пополнет формулар со податоци за кандидатот, кој сака да биде претставен на „19. Митровденски средби на доктори на науки - Штип 2020“.
Формуларот ги содржи следните компоненти и истиот се пополнува во електронска форма, може да се добие преку лице за контакт Тодор Џидров,тел.076-489 897 или преку mail - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Име, татково име и презиме (за лицата од женски пол и моминското презиме)
Датум и место на раѓање
Податоци за период и место за завршено основно образование
Податоци за период и место за завршено средно образование
Податоци за завршени дипломски студии (група/насока, факултет, универзитет, време и место на дипломирање)
Податоци за одбранет магистерски труд (наслов на трудот, така што ако дисертацијата е на странски јазик, задолжително треба и превод на македонски јазик; ментор, членови на комисија, факултет, универзитет, време и место на магистрирање)
Податоци за одбранета докторска дисертација (наслов на дисертацијата, така што ако дисертацијата е на странски јазик, задолжително треба и превод на македонски јазик; ментор, членови на комисија, универзитет, факултет, време и место на докторирање)
Име, презиме и тел. за контакт на промоторот на докторската дисертација на манифестацијата „Митровденски средби на доктори на науки, 2020“
Наслов на издадените книги во улога на автор/коавтор (со превод на македонски јазик) со место и година на издавање
Список на објавени стручни и научни трудови (статии и написи во периодиката)
Учество на научни манифестации (конгреси, конференции...), со место и година на одржување
Работно место и звање кое го има (асистент, доцент, раководител на сектор и сл.)
Список на јавни признанија, награди, стекнато дипломи, сертификати...
Точна адреса и име на фирмата (универзитетот, факултетот, установата, правното лице и сл.) каде е вработен
Телефонски броеви и e-mail-адреса.
Прилог 2.
2) Неопходно е да се достават примероци од магистерскиот труд (во печатена или електронска форма) и од докторската дисертација (во печатена или електронска форма), како и од издадените книги (со посвета) за докомплетирање на Роднокрајната збирка на Одделението за роднокрајна дејност „Ацо Шопов“ при Библиотеката.
Прилог 3.
3) Потребно е да се изврши фотографирање (портретирање) во Фото-студиото „Фотомак“ (кај „Стопанска банка“ во Штип), најдоцна до 31.10.2020 год. и фотографија во А3 – формат да се достави заедно со останатата документација. Трошоците за фотографирање ги покрива НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип како организатор. Фотографиите ги подигнува организаторот од фото-студиото.
Прилог 4.
4) Секој нов доктор на науки треба да си обезбеди промотор. Најчесто тоа е менторот или еден од членовите на рецензентската комисија, кој во пригодното обраќање на манифестацијата ќе се осврне на преставување на новиот доктор на науки со посебен акцент на успешно одбранетата докторска дисертација. Излагањето на промоторот треба да трае од 5 до 7 мин., односно не смее да биде подолго од 7 мин. Податоци за промоторот се наведуваат во Формуларот од Прилог 1. Трошоците за промоторот се обврска на докторот на науки, кој се промовира.
Прилог 5.
Пример за доставување на Кратка биографија во наративна форма, во 3 л. едн.
Проф. д-р СНЕЖАНА МИРАСЧИЕВА
- доктор по педагошки науки-
Родена е на 25.10.1965 год. во Штип, каде завршува основно и средно образование.
Во 1986 год. дипломира на групата Одделенска настава на Педагошката академија „Гоце Делчев“ во Штип при Универзитетот „Кирил и Методиј“-Скопје.
Во 1990 год. дипломира на Филозофскиот факултет - Институтот за педагогија при Универ-зитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 1996 год., на истиот факултет, успешно ги завршува постдипломските студии со одбрана на магистерскиот труд, со наслов: „ПРИМЕНА НА ПРОБЛЕМСКАТА НАСТАВА ВО ОСНОВ-НОТО УЧИЛИШТЕ“ и се стекнува со научниот степен: магистер на педагошки науки.
Во 2004 год., пак на Филозофскиот факултет во Скоипје, успешно ја одбранува докторска-та дисертација, со наслов: „КОМУНИКАЦИЈАТА МЕЃУ НАСТАВНИКОТ И УЧЕНИКОТ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ“ и се стекнува со научниот степен: доктор по педагошки науки.
Наставно-образовна и научноистражувачка дејност:
Во 1996 год. е избрана за асистент по предметот Дидактика на Педагошкиот факултет „Го-це Делчев“ во Штип, а во 1999 год. е реизбрана за асистент по истиот предмет и по предметот Ис-торија на педагошките науки.
Во 2004 год. е избрана во звањето доцент по предметот Дидактика на истиот факултет.
Во 2009 год. на Педагошкиот факултет при новоформираниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип е избрана во звањето вонреден професор по предметот Дидактика и изборните предме-ти: Методика на работа со надарени деца и Педагошка комуникација...
Има менторирано при изработка на магистерски трудови - 6 пати.
Член на Комисија за оценување и одбрана на магистерски трудови – 7 пати.
Член на Редакцискиот одбор на Годишникот на Факултетот за образовни науки при УГД.
Учество на научни собири (конгреси, конференции, симпозиуми, семинари) - 25.
Вкупно објавени стручни и научни трудови (во периодични публикации и зборници) - 103.
Објавено универзитетски учебници:
- Лабораториската работа на учениците како можност за примена на проблемската
настава, Штип, 1997 год.
- Комуникацијата на наставникот и ученикот во основното училиште, Штип, 2005 год.
(2.изменето и дополнето издание), Штип, 2007 год.
-Методика на наставата по религиско образование, Штип, 2010 год.
-Мултикултурализам и интеркултурна комуникација, Штип, 2013 год.
Има објавено прирачници (скрипти и практикуми) во печатено и електронско издание - 7.
Учество во реализација на научноистражувачки проекти - 7.
Добиено сертификати за учество на научни собири и научни проекти - 27.
Проф. д-р Снежана Мирасчиева живее во Штип и работи како редовен професор по настав-но-научните области Педагогија и Дидактика на Факултетот за образовни науки при Универзи-тетот „Гоце Делчев“ во Штип.