Денес наставничката Розита Димова со своето одделение, преку игра, разговор, истражување и креативни активности, ја запознаа библиотеката како место за дружење, знаење, фантазија и авантура.
Библиотекарите им ја претставија библиотеката и ресурсите што можат да ги користат бесплатно, а ги запознаа и со настаните што се одржуваат, спроведоа активности за забава, читајќи им дел од сликовници и мотивирајќи ги да читаат и да размислуваат што сакаат да бидат кога ќе пораснат.
Учениците првата посета ја доживеаја како посебно и незаборавно искуство. Препознаваа книги и содржини кои им се најинтересни, раскажуваа за своите читателски искуства и за книгите што им ги читаат дома.
На крајот, децата кои со своите родители се зачленија во библиотеката и ја позајмија својата прва книга добија Диплома за прва позајмена книга, како симболичен поттик за нивното идно читателско патување.




ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека