• 1

Соопштенија

  • Пријава за митровденски средби 2026 година +

    Линк за симнување на пријавата Прочитај повеќе
  • ОДЛУКА за избор на работници по објавен оглас за вработување на неопределено време бр.01/2026 од 11.05.2026 година +

    ОДЛУКА за избор на работници… Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 +

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА… Прочитај повеќе
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ +

    ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани корисници, Ве информираме дека… Прочитај повеќе
  • Јавен оглас БР.02/2025 за вработување на неопределено работно време +

    Во прилог го имате целиот… Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
› ‹
Успешно реализиран првиот ден од Летната школа за деца „Библиоарт 2026“!
Денот го започнавме со игри за запознавање, преку кои децата создадоа нови пријателства и се запознаа меѓусебно. Потоа, низ играње улоги „Библиотекар и корисник“, имаа можност на интересен начин да се запознаат со работата на библиотеката и значењето на книгата.

 

Својата креативност ја изразија на работилницата „Мојата летна авантура“, а денот го завршивме со омилениот Kahoot! квиз, кој повторно донесе многу насмевки, возбуда и тимски дух.
Ова е само почеток на една прекрасна недела исполнета со знаење, креативност и незаборавни авантури.
 
738552385_1452121943611196_3333073429261007999_n.jpg
 
740152774_1452129600277097_7647482387259609750_n.jpg
 
741678780_1452110143612376_1265573810537889687_n.jpg
 
736261035_1452110240279033_6810653609112299972_n.jpg
 
740070312_1452129120277145_2921623035476110260_n.jpg
 

Вториот ден од Летната школа за деца „Библиоарт 2026“ помина во знакот на меѓугенерациското дружење, почитта и заедништвото.


Во рамки на денешните активности, децата го посетија Здружението на пензионери – Штип, каде преку дружење и заеднички активности имаа можност да се запознаат со животните искуства, традициите и вредностите на повозрасните. Средбата беше исполнета со искрени разговори, насмевки и размена на приказни, поттикнувајќи емпатија, комуникација и почитување меѓу генерациите.


Со оваа активност, НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип ја продолжува својата културно-образовна мисија како простор што ги поврзува генерациите, го поттикнува пренесувањето на знаења и искуства и ги негува вредностите на читањето, дијалогот и заедништвото.


Упатуваме искрена благодарност до Здружението на пензионери – Штип за срдечниот пречек, гостопримството, посветеното внимание и прекрасната атмосфера што им ја приредија на нашите најмлади учесници. Посебна благодарност за вкусните домашни кифлички и крофни, кои ја направија оваа средба уште потопла и понезаборавна.
„Библиоарт 2026“ продолжува да создава нови пријателства, убави спомени и вредни животни лекции.

741446963_1453149590175098_3472427941459345705_n.jpg

740953720_1453149523508438_7323202364081077170_n.jpg

740152777_1453149643508426_7551683752167521254_n.jpg

740183776_1453149730175084_8679825658609393691_n.jpg

741619926_1453149776841746_3773833898858881890_n.jpg

739252027_1453149886841735_8368539131794183460_n.jpg

 

Третиот ден од Летната школа за деца „Библиоарт 2026“ помина во духот на културата, уметноста и креативното изразување.
Нашите мали учесници го посетија Завод Музеј на град Штип, каде се запознаа со дел од богатото културно-историско наследство на нашиот град, а потоа го посетија и Н.У. Центар за култура "Ацо Шопов" Штип, доближувајќи се до светот на уметноста и сценската култура.
Денот го заокруживме со инспиративна детска театарска работилница, која со многу ентузијазам и посветеност ја водеше нашиот истакнат актер Milorad Angelov. Преку игра, импровизација и глума, децата ги развиваа својата креативност, самодоверба и тимски дух.
 
Упатуваме искрена благодарност до Завод Музеј, Н.У. Центар за култура "Ацо Шопов" Штип и до Милорад Ангелов за топлиот пречек, гостопримството, издвоеното време и несебичната поддршка во реализацијата на активностите. Благодарение на нив, и овој ден од „Библиоарт 2026“ беше исполнет со нови знаења, инспирација и незаборавни доживувања за нашите најмлади учесници.
 
738040633_1453150380175019_7921342792520314771_n.jpg
 
741838831_1454013406755383_2235358780413381669_n.jpg
 
740271811_1454013440088713_7672450915181907431_n.jpg
 
740286114_1454013480088709_889125922358823135_n.jpg
 
739866475_1454013913421999_2981163485373627664_n.jpg
 
741857531_1454014016755322_6532298020228748167_n.jpg
 
Четвртиот ден од „Библиоарт 2026“ ги одведе нашите мали учесници на вистинско патување низ историјата, природата и светот на филмот.
Денот започна со посета на ОМЦ „Киро Глигоров“ – Штип, каде децата погледнаа краток едукативен филм за животот и делото на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, а потоа го разгледаа музејскиот простор со неговите лични предмети и експонати. Следуваше дружење со животните во ЗОО Штип, каде најмладите уживаа во природата и имаа можност одблиску да се запознаат со различни животински видови. Денот го заокруживме со прекрасна проекција на новиот анимиран филм „Моана“ во Киноверзум – Штип, која донесе многу насмевки, возбуда и убави впечатоци.
 
Искрена благодарност до ОМЦ „Киро Глигоров“ – Штип, ЗОО Штип и Киноверзум – Штип за срдечниот пречек, гостопримството и поддршката во реализацијата на денешните активности. Благодарение на соработката и отвореноста на овие институции, и овој ден од „Библиоарт 2026“ беше исполнет со нови знаења, радост и незаборавни спомени.
 
741248632_1454866633336727_3656071481639514243_n.jpg
 
741870874_1454866686670055_3030252210695329980_n.jpg
 
739553196_1454014166755307_3371129362449331139_n.jpg
 
743951475_1454866583336732_3289373127520596925_n.jpg
 
741592076_1454866833336707_6493676168222967998_n.jpg
 
741838730_1454866893336701_3123156064990018183_n.jpg
 
742110975_1454867070003350_8227351612246493800_n.jpg