Нашата Библиотека на 6.11.2024 г. имаше чест да биде домаќин на престижната изложба „Господарка на глината“, изложба посветена на творештвото на Ели Неделчева (1961-2011).
Оваа изложба ја подготви Регионалниот историски музеј - Разград, а модератор на изложбата беше проф. д-р Росица Ангелова, раководител на одделот „Нова и најнова историја“ во Регионалниот историски музеј – Разград.
Авторката ја вајала убавината и создавала уметност во своето студио. Живеела како навистина слободен и независен уметник. Нејзините дела ги красат колекциите на 4 континенти.
Оваа изложба исто така овозможува македонската и бугарската култура да го најдат својот заеднички пат преку промоции вредни за паметење, а истовремено да ја продолжат културната соработка како доказ за европските вредности.