На 23 и 24 октомври, во Марибор, Словенија се оддржува меѓународна конференција COBISS 2024. Слоганот на конференцијата е ,,Заедно ја зајакнуваме довербата во науката и развојот”.
Говорници ќе бидат истакнати домашни и странски експерти кои ќе презентираат различни интересни теми: можноста за користење вештачка интелигенција во библиотечниот софтвер и библиотечните услуги за корисниците, достапноста на услугите за ранливите групи, воспоставувањето ново технолошко решение за позајмување COBISS Ela е-книги и воведување на нови генерации библиотечни софтвери (COBISS Lib, COBISS Cat и COBISS+), презентација на нови библиографски модели на податоци и други атрактивни теми. Претставник од НУ-УБ ,,Гоце Делчев” Штип е Ивана Стојанова, библиотекар, а со свој труд се претстави М-р Елизабета Трпчевска Петрушовска од библиотеката “Кочо Рацин” Тетово.







ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека