ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2024“
ПОТРЕБНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „23.МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ – ШТИП, 2024“
НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип и оваа година ги организира традиционалните, 23.по ред, „Митровденски средби на доктори на науки од Штип, 2024“, на кои на свечен начин пред пошироката јавност, ќе бидат промовирани новите доктори на науки од Штип, кои со овој највисок научен степен се имаат стекнато во периодот од 09.11.2023 до 25.10.2024 год. Исклучок ќе биде направен за лица кои докторирале пред наведениот период, а од оправдани причини не биле промовирани на истава манифестација.
Со цел учество и промоција на новите доктори на науки на оваа манифестација, потребно е истите да ја комплетираат подолунаведената документација.
Потребната документација е следнава:
1) Пополнет формулар со податоци за докторот на науки (Прилог 1.);
2) Примероци од: магистерскиот труд, докторската дисертација, издадените, публикувани книги(Прилог 2.);
3) Портретна фотографија во А3- формат (Прилог 3.);
4) Фотографии од настапи и учества во земјава и во странство;
5) Задолжително обезбедување промотор(детали во Прилог 4);
6) Мултимедијално „ЦД“ што содржи кратка презентација на одбранетата докторската дисертација;
7) Кратка биографија во наративна форма во 3 л. едн. (Прилог 5.)
Доставувањето на комплетните пријави се врши најдоцна до 30.10.2024 година во Архивата на НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип, кај лицето Тодор Џидров тел.076 489 897
Манифестацијата ќе се одржи на 08.11.2024 год. (Митровден) во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип и е влезена во Општинската програма за прослава на Денот на ослободувањето на градот. Комисија за распишување на Јавен повик за пријавување на нови доктори на науки од Штип, учесници на „Митровденски средби на доктори на науки, 2024“:
1) Тодор Џидров
2) Вилма Јованова
3) Соња Манева
Штип, 07.10.2024 НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип,
Директор,
Тамер Јамаковски
Линк до формуларот: