ЛЕТО ВО БИБЛИОТЕКА
ПРВ ДЕН - Летна школа „БИБЛИОАРТ“
Интересот голем квалитетно да се помине дел од денот, без мобилни телефони, да се научи нешто ново, да се дружат да градат другарства.
На почетокот се запознавме меѓусебно, се запознаа со организацијата и функционирањето на библиотеката, направивме обиколка во библиотеката и поразговараме за улогата и значењето на книгата.
Вториот час беше наменет за нашиот македеонски јазик кој го реализираше нашиот долгогодишен соработник, веќе дипломиран професор по македонски јазик и литература, Ване Дериволов и одржа предавање во склоп на Летната школа ,,Библиоарт".
Во текот на предавањето, проф. Ване Дериволов умешно и концизно пред учениците ја изложи потребата од изучување и негување на мајчиниот јазик, како и неговата правилна употреба. Ване пред учениците ја истакна и потребата од читање на книги и редовна посета на библиотеката.
Учениците беа запознати со одредени интересни факти за македонскиот јазик. Го доутврдија своето знаење и во однос на правописот, преку пронаоѓање на правописни грешки во текст.
Беа прочитани инспиративни цитати и песни посветени на важноста од македонскиот јазик.
,,Јазикот е нашето културно наследство и ние мораме да го чуваме како нешто најсвето. Тој е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, негува, да се надоградува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор..." им порача проф. Ване Дериволов.
Завршивме со активности во дворот на библиотеката а во соработка со Американското катче.















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека