Штипската библиотека за прв пат на меѓународен стручен собир во Република Српска!
Друштвото на библиотекари на Република Српска, на ден 25. и 26.04.2024 го организираше XXIV стручен собир насловен „Библиотеке за одрживу будућност“.
На овогодинешниот собир, кој се одржа во Приједор, беа собрани 176 библиотекари од регионот. За време на сесиите беа презентирани примери на добра библиотечна пракса и нивното влијание врз развојот на библиотекарството во руралните средини, развојот на специјални технологии и стратегии за корпоративно управување со знаењето во специјални библиотеки, а се разговараше и за потенцијалот на културно-образовните активности во библиотеките под покровителство на образовните институции.
На оваа значајна меѓународна конференција, Македонија за прв пат ја претставуваше нашата библиотекарка Јована Рилак, со стручен труд: „Улога, значај и допринос библиотека у промоцији образовања и културе у руралним срединама."
Голема благодарност до организаторите за гостопримството.






ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека