И З В Е С Т У В А Њ Е
ОД ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР
„МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“, ШТИП 2024 ГОДИНА
Натпреварот се одржа во универзитетската читална на Одделот за возрасни во Националната установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, на 09.05.2024 година со почеток во 10.00 часот. Од пријавени 12 натпреварувачи, учествуваа 11 натпреварувачи.
На секој натпреварувач му се подели Тест прашалник со вкупно 20 прашања и со временски рок од 60 минути за давање на одговорите. По поминатите 60 минути предвидени за давање на одговори, Комисијата за организирање и спроведување на натпреварот ги оцени поединечно дадените одговори во тест прашалниците.
Натпреварувачот кој покажа најдобро знаење на Oпштинскиот натпревар „Млади библиотекари” Штип 2024 година е Тома Митев, под менторство на Марија Ристова професор по македонски јазик и литература, со што се стекнаа со право да учествуваат на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Куманово на 21.05.2024г. во библиотека „Таме Георгиевски“.
На сите учесници на натпреварот, од организаторот – Библиотека, им се поделија пригодни подароци и благодарници за учесниците и менторите.
Комисија за реализирање на натпреварот
Штип, 09.05.2024 год.












ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека