На ден 07.12.2023г. во рамки на проектните активности за одбележување на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, беше поставена изложба со наслов "30 години списание СУМ".
Пообсежно излагање за значењето на оваа списание за уметноста и културните збиднувања даде проф.д-р Гоце Ристески.
Долгогодишен уредник и автор на повеќе текстови во него е м-р Трајче Кацаров, наш роднокраен автор.
Текстови од списанијата читаа Искра Постолова и Антонела Митева.
Со нежни звуци од виолина настанот го збогатија ученици од ДМУ "Сергеј Михајлов".
Списанијата се дел од фондот на Роднокрајното одделение кои грижливо се чуваат.
Организација и реализација Тодор Џидров-библиотекар во роднокрајно одделение.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека