На ден 10.11.2023г. во рамки на Месецот на книгата, во салата за промоции на библиотеката беа доделени дипломи и прочитани творбите
на наградените учесници од распишаниот литературен награден конкурс за проза - краток расказ или есеј на тема „“’Библиотеката и мирис на книгата“ и „ Мојата прва книга“.
Конкурсот беше распишан во соработката со Милица Палаус- поет и писател.
На најдобритте им беа доделени дипломи и книги и тоа сосем заслужено, затоа што навистина сите уживавме во прекрасните творби во кои не ги штеделе зборовите за да го истакнат значењето и улогата на библиотеките и книгите во животот на секој поединец.
Честитки до сите учесници и до нивните ментори кои ја потикнуваат и негуваат нивната креативност и творечка мисла а ние како библиотека сме нивни најголеми подржувачи во тоа.










ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека