Прекрасен моден перфоманс и изложба креирани од Технолошко - технички факултет во соработка со НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип.
Овој прекрасен настан е креиран според проект одобрен и финансиран од Министерство за култура, насловен како Мода меѓу редови-класици, носител на проектот е библиотекар Сузана Стојанова. Трета година се реализира ваков поинаков начин на промовирање на книгите, да се потсетиме на претходните: Мода меѓу редови-цитати и мисли од познати писатели и Во светот на бајката. Овие проекти успешно се реализираат во соработка со Технолошко - техничкиот факултет и професор д-р Сања Ристески. Класичните дела не се само книги, туку и одбележувачи на ерата. Честопати вклучени во училишната програма затоа што нивните дела помагаат да се разбере за што размислуваше и дишеше цел дел од општеството во одредена временска рамка.
Моделите што ги носеа прекрасни дечиња од ll-2одд. Ванчо Прќе ги изготвија студентите од Технолошко - технички факултет УГД под менторство на Сања Ристески.
Прекрасен моден перфоманс каде што продефилираа модни креации од времето на Кафка, Балзак, Достоевски...носени од прекрасни дечиња кои успеаја да ја спојат младоста и безвремените класици.











Светските класици се дела кои отвараат нова димензија, одново и одново преиспитување на себеси, на човековата судбина и постоење.
Кај нив не постојат шаблони, не постојат правила, не ѝ дозволуваат на душата да се стврдне и да отапи.
Не навраќаат во минатото за почисто да ја видиме иднината.
Тајната на човечкиот живот не е само да се живее, туку и зошто се живее.
Ако рајот не е во вас, никогаш нема да влезете во него.
Одвреме-навреме човек треба да го "почеша" своето срце со малку болка, за од него да се истресат сите штетници.
Животот — е цела уметност, да се живее – значи од себеси да се направи уметничко дело… Тајната на човековиот живот не е во тоа да сме живи, туку во тоа зошто сме живи.
Преку оваа наша приказна денес успеавме да споивме две димензии, две природи, две галаксии... едната болно реална а другата исцелителна, полна со ведрина, младост и љубов кон животот.
Преку децата се лекува душата на човекот, да оставиме вечерва да ги излечат сите наши рани, да не вовлечат во својата приказна и да ни покажат колку е само животот убав, колку се миговите бесценети а душата, таа само нека ужива вечерва, заслужила....
Технолошко-технички факултет Штип #УГД Saska Golomeova Longurova Silvana Ze уште еднаш покажа дека имаме студенти вредни да се гордееме со нив!
Благодариме прекрасни дечиња, II-2 Училиште Ванчо Прке Штип Vesna Nicheva
Благодариме драга публико за огромниот аплауз и воодушевување!
ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека