На 22.05.2023г. се одржа петтата работилница во рамки на проектот „24 Мај- Ден на селовенската писменост и Св.браќа Кирил и Методиј“.
На работилницата учествуваа ученици од 6-9 одделение од сите основни училишта под ментерство на наставничката по етика Жаклина Ѓеоргиева.
Првиот дел беше креативна работилница на која учениците изработија цртежи инспирарани од од овие два значајни лика во соловенската писменост, пишуваа букви од старословенското писмо.
Со посебна уметничка вредност се истакна ликовното дело со ликот на Св.браќа Кириј и Методиј на ученичките од ООУ „Димитар Влахов“, Јована Јанков и Милена Тасева.












Во вториот дел од настанот се одржа книжевно-литературно читање, на кое учениците се преставија со лични творби во нивна чест, со дела од литературата и преку изработени постери со значајни податоци од животот и делото на овие значајни учители и просветители.
На настанот беа присутни и преставници од Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје и деканот Ѓоко Ѓоргиевски и преставник од Богословското здружение од Скопје кои поделија и подароци за сите ученици.












