На 31.03.2023 г. по осми пат во просториите на Библиотеката, се одржа вечерниот настан „Ноќ со Андерсен“, по примерот на библиотеките ширум светот.
Настанот е во чест на Меѓународниот ден на литература за деца 2 Април, денот на раѓањето на данскиот најпознат писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен, а се слави за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги.
Настанот опфати повеќечасовни активности меѓу кои:
Читање на бајки од Андерсен;
Гледање на анимиран филм „Девојчето со ќибритчињата“ според истоимената бајка на Х.К.Андерсен;
Драматизација на бајка со главни улоги на сите учесници;
Учество на сите присутни во креирање на поинаков, среќен крај на приказната според свои желби со употребени сегменти од повеќе бајки на Андерсен (преку текст, слика, музика и цртеж) по избор на ученикот;
Вечера, освежување и десерт;
Караоке шоу „Секој мора да пее...“;
Освежување овошје и сок и заминување...
"Ноќ со Андерсен" е проектна активност од Годишната програма за работа а финансиски подржан од Министерството за култура на Р. Македонија.















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека