На ден 24.03.2023г се одржа уште еден книжевно-литературен настан и тоа промоција на стихозбирката со наслов "Точки во бескрајот" од нашата млада и успешна роднокрајна авторка Рената Пенчова која ќе биде и првиот лектор на новотворената катедра по македонски јазик во Р.Кина.
Стихизбирката е добитник на две награди и тоа на наградата "Антево перо" во 2020г и на наградата "Бели мугри" во 2022г во категорија млад автор на возраст од 17 до 35г.од страна на Д.К. "Кочо Рацин" - Скопје каде беше и нејзината прва промоција.
Промоцијата во вид на интервју ја водеше младата студентка и новинарка Ребека Спасова, која преку прашања на кои одговараа библиотекарката Соња Манева, промоторката д-р Милена Ристова Михајловска и самата авторка пред присутните беше преставено нејзиното поетско созревање и успешно професионално растење.
Стихови од книгата читаа членови на Академија "Еуроарт".
Оваа успешна млада личност и авторка е уште една потврда за улогата на книгите и библиотеките во формирање на млади успешни личности.






ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека