20 Март- Светски ден на раскажувањето приказни и ден за споделување среќа.
Во одделот за детска литература во библиотеката со третоодделенците и нивната наставничка Васка Дербова од ООУ "Ванчо Прке" одржавме книжевна работилница со наслов "Читаме, учиме, раскажуваме, книжевно творештво негуваме".
Со учениците раскажувавме приказни од литературата но и од народното творештво и споделувавме среќа.
Целта на Светскиот ден на раскажувањето приказни е да се прослави уметноста на усното раскажување на приказни и преданија. За прв пат почнало да се одбележува во Шведска во 1991г. на 20-ти март, денот на рамоноденицата и денот кога настапува пролетта.
Изборот на приказни за овој настан има за цел да ја разбуди нивната фантазија, како основа за правилен мисловен и креативен развој и да градиме нова читачка публика.







ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека