На 22.02.2023г. во салата за промоции на библиотеката се одржа промоцијата на книгата за деца со наслов „Прв мачор амбасадор на нашиот екватор“ од роднокрајната авторка Благица Ефремова. Книгата е напоредно оди со превод и на француски јазик.
Преводот е на проф. Јаготка Томовска, која е и рецензент на истата а беше и во улога на промотор. Во промоцијата учествуваа ученици од ООУ „Ванчо Прке“ и тоа од 5/1одд. со наставничката Наталија Донева и од 5/7одд. со наставничката Силвија Мурговска. Учениците Петар Гавриловски, Бисера Китанова и Аника Давкова од 5/1 одд. и Дамјан Лазарев, Ефимија Костадиновска и Јана Маневска од 5/7 одд. читаа делови од книгата пред присутните, а Мила Панова од ООУ „Гоце Делчев“, под менторство на професорката Марина Рамбабова читаше на француски јазик.
Со музички точки настанот го збогатија Анастасија Јованова и Димитар Димов од 2/5 одд. со наставничката Јулијана Читкушева.
Ученици истовремено и ликовно ја илустрираа.
Со вакви промоции како библиотека ќе продолжиме да ја афирмираме и доближуваме книгата и да создаваме позитивни навики за читање уште од мала возраст.














ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека