Во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон,
(роден на 2 Април 1805) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето.Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца.
По тој повод денес 31.03. 2022г одржавме уште една книжевна работилница со третоодделенците од ООУ „Ванчо Прке“, со наставничката Јасминка Огнанова, се со цел да го развиеме интересот за книгата како извор на учење, да се запознаат со литературата за деца, да стекнат навики за слушање, разбирање и доживување на содржината и пораките од литературните творби. Љубовта кон книгата и читањето се развива од најмала возраст, па затоа од страна на библиотекарката Соња Манева им беше прочитана една убава приказна по нивен избор од преубавите книги од оделот за детска литература, преку јазични игри ги обновивме сеќавањата за прочитаните сказни и секако за крај читаа и тие самите.


