20 Март- Светски ден на усното раскажување кое започнува да се одбележува од 1991год во Шведска
, а подоцна се приклучуваат се поголем број на земји се со цел да се прослави уметноста на усното раскажување и да се даде придонес кон зачувување на богатото народно творештво на еден народ и земја. Исто така усното раскажување ја буди фантазијата кај најмалите кое е една од основите за правилен ментален развој, ја потикнува љубовта кон книгата а со самото тоа се создава и нова читачка публика и се негува јазичната култура.
По тој повод библиотеката на 18.03.2022г со Инфобусот реализираше две работилници со учениците од ПОО „Страшо Пинџур“ во н. Караорман и с.Таринци и на учениците од страна на библиотекарката Соња Манева им беа раскажани две приказни една од народното творештво со наслов „Лошото јаре“ и една од литературата со наслов „Изгубената принцеза“. Учениците со голем интерес ги слушаа овие две приказни а со помош на постер со илустрации и тие ја раскажаа приказната за Изгубената принцеза.
Како библиотеката ќе продолжиме и понатаму со вакви активности се со цел афирмација и поуларизација на книгите и нвно доближување до читателите.
21.Март- Ден на пролетта и Светски ден на поезијата. Учениците од 4 одделение од ПОО „Страшо Пинџур“ во с. Карбинци со наставникот Ѓорѓи подготвија мала приредба на тема „Пролет и екологија“ во Мобилнита библиотека - Инфобус, која ја прави достапна книгата до секој што сака да се дружи со неа.








ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека