• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
21 Февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен на триесеттата седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот.
Во 2000 година, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.
Грижата и негувањето на мајчиниот јазик е задача и предизвик на секоја одговорна власт, како и дека јазиците воопшто, претставуваат суштина на идентитетот на етнички групи и поединци, но и на нивниот мирен соживот. Јазиците се срцето на целиот социјален, економски и културен живот. Изреката според која „колку јазици човек познава – за толку луѓе вреди“, во пракса се докажува секојдневно, а познавањето на јазиците на сограѓаните од поинаква националност е уште еден, силен фактор во градењето мостови и надминувањето на разликите во Македонија, на Балканот, и секаде низ светот.