• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Месец на книгата од 15.10. до 15.11. 2021г. библиотеката со низа активности за нејзина

афирмација, популаризација, доближување до читателите, поттикнување на читањето и почеста посета на библиотеките под мотото „Читај книга-момент на среќа“.

Ваквите позитивни навики се формираат од најмала возраст. Затоа започнавме со најмалите и на 21.10.2021г одржавме работилница со деца од две големи групи во ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“- клон Другарче и поради заштита на здравјето на сите активноста ја реализиравме на отворено во дворот на градинката.

Разговаравме за нивни омилени сликовници, ликови, читавме и научивме за патот книгата додека стаса во нивните рачиња. Потоа имаа можност да уживаат во убавите „Приказни од куќичката на дрво“ кои им ги прочитавме од детскиот писател Киро Донев и за крај добија наставни ливчиња со нивни омилени ликови и имаа задача истите да ги обојат. Им подаривме и по една сликовинца со едукативни содржини да ги користат во нивната градинка.

 

 

247115139_10159783695805295_2974294087782658234_n.jpg