Подарете книга со љубов!!!
Меѓународниот ден на дарување книги се одржува на 14-ти февруари секоја година.
Сигурно се прашувате која е целта на овој ден?
Главната цел е книгите да стигнат во рацете на што повеќе деца.
14-ти февруари е за споделување на љубовта кон книгите!
Меѓународниот ден на подарување книги е волонтерска иницијатива насочена кон зголемување на пристапот и ентузијазмот на децата кон книгите.
Верувале или не, многу деца во светот не поседуваат книги, ниту имаат пристап кон книгите.
Идејата е да се охрабрат луѓето ширум светот да поклонуваат книги.
Нашата задача е да Ве поканиме и вие да:
1) подарете книга на пријател или роднина,
2) подарете книга на вашето дете;
3) донирате одлично сочувана или нова книга во локална библиотека, или за организација што дистрибуира користени книги на деца на кои им е потребна.
Денот на дарување книги почна да се одбележува во 2012 година, а веќе во 2013 се прославуваше во 34 земји низ светот. Иницијативата е поддржана од многу автори и илустратори за деца.
Придружете ни се и Вие во одбележувањето на овој ден!

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека