Книгата со Инфобусот патува и насекаде стасува-
во месецот на книгата под мотото „Кој како мал чита, како голем размислува“, библиотеката со Инфобусот започна кампања кај децата од нижите одделенија за развивање на поголема љубов кон книгата и потикнување на навиките за читање уште од најмала возраст.
На 20 oктомври се дружевме со учениците од ПООУ „Страшо Пинџур“во с.Калаузлија.
Во соработка со книжарницата Давка на секое дете беше подарено пакетче со училишен прибор а библиотеката за секое дете обезбеди по една книга и пакет книги за нивната школска библиотека.
Библиотекарката Соња Манева со учениците разговараше за значењето на книгата, за омилената книга и им беше прочитано едукативно четиво а читаа и учениците.
Се разделивме со ветување да на наредната средба разговараме за прочитаната книга.
Во реализацијата на активноста учествуваа и Мишко Ќеман –библиотекар и Ѓоре Нушков –возач на Инфобусот.
Активностите се реализираа со почитување на мерките за заштита.








Книгата со Инфобусот патува и насекаде стасува- на 21.10.2020г се дружеше со учениците од 1-3 одделение од ПООУ „Гоце Делчев“во населбата Три Чешми и учениците од ПООУ „Тошо Арсов“од н.Балканска.
Месец на книгата а убавиот есенски сончев ден но овозможи да се дружиме на отворено согласно сите мерки за заштита и да зборуваме за книгата, за нејзиното значење и улога во нивниот развој и формирање на личноста, градење на позитивни вредности и навики. Разговаравме за омилена книга, за омилен лик од прочитана книга, читавме и на училишните библиотеки подаривме книги.
За домашна задача добија наставно ливче со песна за книгата и цртеш за боење.
Библиотеката ќе продолжи и понатаму со вакви активности за афирмација и доближување на книгата особено до најмалите и да го потикнува читањето и тоа уште од најмала возраст.
Активноста ја реализираа Соња Манева и Мишко Ќеман - библиотекари.








