На 30.01.2020г. се одржа Петтиот по ред книжевно-музички перформанс со наслов „Гоце Делчев-великанот роден да не учи и води и Тоше Проески - има само датум на раѓање“, на датум помеѓу двата родендена на овие две личности од постарата и поновата историја, кои со своите дела оставија длабоки траги. Овој настан на кој сите учесници се вложија и со душа и со срце беше една скромна почит кон нив а воедно пренесеување на споменот на идните генерации.
Учесници на настанот беа ученици од основните и средните училишта и центри за лица со посебни потреби, а посебен сјај на настанот дадоа учениците од хорот при гимназијата „Славчо Стојменски“.