Во рамки на проектот ,,Француски учиме - македонски читаме, култура спојуваме и развиваме"
, делегација од Штип реализираше предавање и претставување на македонска литература во Париз.
Во координација со наставниот кадар на Националниот универзитет за јазици во Париз, ИНАЛКО, а согласно потребите на студентите, се одржа предавање на конкретни теми од областите на литературата, јазикот и библиотечната дејност.
Конкретно во Париз, од страна на Зоран Костовски, В.Д. директор на НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип, доц. д-р Милена Ристова - Михајловска како претставник на Филолошкиот факултет при УГД - Штип и
Сашко Неделков и Соња Манева, библиотекари, беше остварена книжевно - уметничката средба
,,Литературата и уметноста - база за кохезија на раритетите, старините и современите дела".
Предавањата на темите ,,За ретките збирки, старопечатените книги и единствениот ракопис што се чува во Библиотеката во Штип" и ,,Свадбени песни и обичаи од Штип и штипско" ги одржа доц. д-р Милена Ристова - Михајловска.
За важноста на Роднокрајното одделение ,,Ацо Шопов" при НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип со давање осврт кон неколку поетски збирки од поети од Штип преку интерпретативно читање на нивна поезија, говореше Соња Манева.
На книжевно - уметничката средба беа претставени академските списанија ,,Кула" и ,,Палимпсест" од издавачката дејност на Филолошкиот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев" - Штип, како и дел од едициите ,,130 тома македонска книжевност", ,,Нобеловци" и ,,Ѕвездите на светската книжевност".
Во ИНАЛКО беше претставена изложба на факсимили од стари, старопечатени и ретки книги што се чуваат во збирките на НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип.
Во рамки на работната посета на Париз, претставниците на Штип имаа прием кај Амбасадорката на Р. С. Македонија во Париз, Н. Е. Јадранка Чаушевска Димов со чија логистичка и координативна помош и поддршка се реализираше и работната посета.
На книжевно - уметничката средба, пак, присуствуваше г-ѓа Марица Ристевска како претставник од Амбасадорката на Р. С. Македонија во Париз.
За време на работната посета беше посетена и Националната библиотека на Франција, ,,Франсоа Митеран" во Париз.
Споменативе активности како дел од споменатиов проект се во организација на: НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип, Филолошки факултет при УГД - Штип, Амбасада на Р. С. Македонија во Париз, ИНАЛКО - Париз, Франција.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. С. Македонија.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека