НУ УБ „Гоце Делчев“ – Штип, 26.02.2019 беше домаќин на еден поинаков прекрасен настан: Сатирично - афористички портрет на Ѓорѓи П. Панов од Струмица.
Промотор беше Никола Сарајлија, а презентери Виолета Тодева-Мијалкова и Никица Вукашиновиќ. Промоцијата ја направи уште поубава хорот „Распеани штипјани“, а присутните имаа можност да ги слушнат, во прекрасна изведба од страна на презентерите и самиот автор, аформизмите и дел од поезијата .