ПРОМОЦИЈАТА НА ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП, 8.11.2018
Нашата библиотека 17-ти пат по ред ја организираше оваа манифестација „17. МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ – ШТИП, 2018“, која традиционално е во склоп на програмата на Општина Штип во чест на ослободувањето на градот. Со гордост до сега промовиравме 178 доктори на науки изминатите години, а оваа година ја зголемивме ризницата на трудови, истражувања и книги во нашето роднокрајно одделение со достигнувањата на уште 5 доктори на науки, 3 од техничките и 2 од правните науки: Д-р Александра Роглева (Ангеловска), доктор по правни науки; Д-р Сања Ристески, доктор по технички науки; Д-р Елена Максимова (Иванова) доктор по правни науки; Д-р Валерија Камчевска, доктор по технички науки; Д-р. Марјан Џидров, доктор по технички науки.