Денеска, 17.08.2018 г , во Алеата на народните херои во паркот во центарот на Штип,
делегација од локалната самоуправа, предводена од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, како и делегации од СЗБ од НОВ, Здружението на пензионерите и други, положија букети цвекиња на спомен бистата на херојот. Учениците од Гимназијата која го носи името на Славчо Стојменски изведоа пригоден рецитал, со музички точки . За животното и револуционерно дело на Славчо Стојменски пред насобраните граѓани, почитувачи на делото на херојот, зборуваше ученичката од Гимназијата, Росана Бадева.