НУ-УБ „Гоце Делчев“ денес и утре (2 и 3 ноември 2016) организира втор есенски сем на книгата кој ќе се оддржи во просториите на библиотеката. Насловот на саемот е „Книгата-клуч на знаењето“.Се очекува саемот да го посети и Министерката за култура на РМ, Елизабета Канческа-Милевска, во 10:00 часот претпладне.
АГЕНДА ЗА РАБОТНА ПОСЕТА НА ШТИП - 2 НОЕМВРИ (СРЕДА)
10 ЧАСОТ - РАБОТА ПОСЕТА НА НУ УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И ПРЕЧЕК ОД СТРАНА НА:
-Милена Ристова-Михајловска, директор на НУ Библиотека „ Гоце Делчев“-Штип
-Илчо Захариев, градоначалник на Штип
-Миле Вратеовски, директор на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип
10.15 ЧАСОТ – ПОСЕТА И РАЗГЛЕД НА САЕМ НА КНИГА - ВО ЧИИ РАМКИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛАТА ОД ЕДИЦИИТЕ „135 ТОМА МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ“ И „ЅВЕЗДИ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ“. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА СЦЕНА ВО НАДВОРЕШНОСТА НА БИБЛИОТЕКАТА КОЈА ИМА 247 СЕДИШТА.
10.45 ЧАСОТ - ПОСЕТА НА ЦРКВАТА СВ. СПАС КОЈ ДАТИРА ОД ПЕРИОДОТ ОД XIV И XVII ВЕК КАДЕ Е ЗАВРШЕНА КОНЗЕРВАЦИЈАТА НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ И НА КАМЕНИТЕ ПЛОЧИ ВО ДВОРОТ. (150.000 ДЕНАРИ ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА НА КРОВОТ И СВОДОТ КАЈ ФРЕСКИТЕ).
11.15 ЧАСОТ - ПОСЕТА НА КУЌАТА НА ЛИЧКОВИ КАДЕ Е ОБНОВЕНА ФАСАДАТА (ЗА ШТО СЕ ИЗДВОЕНИ 1.2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ).
(ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИ)