Прва во државата, штипската библиотека „Гоце Делчев“, прави електронско меѓународни списание. Станува збор за активност, која е во склоп на државната програма за одбележување на 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски :
„За прв пат во нашата издавачка дејност реализираме и издаваме електронско меѓународно списание со наслов Медавал“ , вели Милена Ристова Михајловска, дир. на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип.
Ова е шанса за сите научно – истражувачки работници, својата работа да ја презентираат во пошироки рамки :
„Сите заинтересирани апликанти може да ги достават своите трудови почнувајќи од понеделник па се до 10 септември, а деталите во врска со конкурсот ќе бидат објавени на нашата веб страна“ , изјави Милена Ристова Михајловска, дир. на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип .
Електронското меѓународно списание ќе се работи во наредните неколку месеци, а неговата промоција е предвидена во декември, на денот посветен на македонскиот светец и ученик на сесловенските просветители, Климент Охридски.