Вчера во НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ се оддржа промоција на книгата ,,Храната - лек на 21. век" од нутриционистката Цвета Динева.Промоцијата беше во организација на Библиотеката и Здружението на пензионери на Штип и Карбинци.
Промоцијата привлече големо внимание за што сведочи големиот број на присутни. Во своето обраќање, Динева се заблагодари за присуството и укажа дека храната навистина може да биде лек, посочувајќи го и личниот пример:
- Јас пред 16 години се вратив на природата, на здравата храна. Бев помлада, но можам да кажам и поболна, отколку денес иако сум постара но се чуствувам поздрава од кога било. Веќе 16 години не знам за апче, не знам за болка што значи дека моето враќање на природата и на здравата храна има позитивни ефекти.
Книгата на Динева е поделена во три дела од кои најголем интерес имаше за содржинскиот кој се однесува на конкретни рецепти:
- За мене тоа е најважниот дел, бидејќи секоја жена сака да знае како да направи квалитетна храна која ќе помогне на телото - кажа на промоцијата директорката на библиотеката, Милена Ристова-Михајловска.
На промоцијата учествуваа и членови на Здружението на пензионерите со претседателот Михаил Василев.