НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ успешно го заокружи првиот дел од ,,Бесплатната летна школа“. Во изминатата седмица, посетителите имаа часови по фотографија, бон-тон, сликарство, изразно читање и креативно пишување, работилници во областа на македонската, германската и руската книжевност, курс по народни инструменти, а со денешниот четврти ден, направена е и теренска активност преку посета на Театарот, музеите и Спомен-собата на Шопов.
Идната недела продолжува вториот дел од школата која е вистинско озвежување во текот на летото, со многу дружење и забава на учесниците од сите генерации.