"Патуваме низ простор и време"
Втората сезона на нашето патување започна со далечната и фасцинантна империја Кина.
Разговаравме за историскиот преглед на кинеските цивилизации, географска распространетост, верски религиозни храмови, кинескиот ѕид, обичаи, традиција, култура, знаменитости... Нашето патување низ Кина само на кратко завршивме со изработка на уметнички творби на хартија и глина. Во план се уште две работилници на истата тема. Голема благодарност до учесниците од ООУ "Ванчо Прке" и наставничката Фросина Камчева, што и оваа година учествуваат во програмата на библиотека. Исто така благодарност и до нашата колешка Гордана за успешното предавање и задоволните лица на децата.





