На 23.02.2023, во салата за промоции, се одржа третата по ред промоција и тоа на поетската стихозбирка со наслов „Под небото грми на небото ѕвезди - митови и легенди“ од нашиот сограѓанин Борис Балабанов.
На 22.02.2023г. во салата за промоции на библиотеката се одржа промоцијата на книгата за деца со наслов „Прв мачор амбасадор на нашиот екватор“ од роднокрајната авторка Благица Ефремова. Книгата е напоредно оди со превод и на француски јазик.
21 Февруари-Денот на мајчиниот јазик го одбележавме со промоција на поетската стихозбирка „Шаренолики воздишки“, првенче на младата и надежна авторка Милена Милародава, промоција која ги разбранува чувствата и ги исполни срцата на сите присутни.