Во текот на месец Април, НУ-УБ „Гоце Делчев“ ќе се промовира со многу настани. Месецот на книгата и авторските права, штипската библиотека ќе го одбележи со низа активности. Ќе започне со свое претставување на Саемот на книгата :
-Ќе учествуваме на форум каде ќе имаме презентација на тема „Иновативни активности и инфраструктурни проекти во Штипската библиотека“, а ќе ги презентираме и проектните активности од „Ноќ со Андерен“ за 2015 и 2016 година, истакна Милена Ристова Михајловска, дир. на НУ УБ „Г.Делчев“ – Штип.
Штипската библиотека е единствена во државата која се вклучува во светското одбележување на роденденот на најпознатиот автор за деца Ханс Кристијан Андерсен:
- Ова е еден креативен начин да ги поттикнеме најмладите да читаат, но и д аукажеме на значењето на литературата за деца, кажа Соња Манева, библиотекар.
Дел од априлската програма е и меѓуопштинскиот конкурс за песна и краток расказ:
- Оваа година темата е „Велигден низ моите очи“ . Конкурсот трае до 20 април, а право на учество имаат сите жители од Штип и Карбинци, рече Жаклина Петрушева библиотекар.Дел од активностите на библиотеката се поддржани од Министерството за култура, дел се сопствена програма на библиотеката.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ ја спроведе активноста „Ноќ со Андерсен“, кој четврта година по ред се одржува во Библиотеката во Штип, во чест на раѓањето на големиот раскажувач на детски бајки, а воедно и по повод Светскиот ден на литературата за деца.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. М. Се реализира во соработка со основните училишта во Штип и Одделението за образование при Општина Штип. Координатор и автор на проектот е Вилма Јованова.
Националната установа универзитетска - Библиотека „Гоце Делчев" - Штип, додели признанија на основните и средни училишта во Штип и Карбинци, во рамките на манифестацијата „Од читалиште до библиотека", а која е дел од прославата 70 години од постоењето на библиотеката.
Директорката на НУУБ „Гоце Делчев" - Штип, Милена Ристова-Михајловска, истакна дека со оваа манифестација сакаат да им оддадат признание на учениците и наставниците, кои учествуваат во сите проектни активности на библиотеката.
- Во текот на 2016 година реализиравме голем број на проекти поддржани од Министерството за култура, а надвор од тоа плус стотина афирмативни активности, со цел доближување на книгата на сите групи на читатели, вели Ристова-Михајловска.
Советникот за општествени дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов, вели дека 70 години од постоењето на библиотеката е јубилеј достоен за почит.
- Во оваа прилика се потсетуваме и на почетоците на библиотекарството во Штип, зборуваме за првото читалиште, кое во 1862 година Штип го добива во рамките на своето неделно училишта, а потоа прераснувајќи и создавајќи услови за присуството на книгата во нашиот град, вели Панајотов.
За успешен крај на годината штипската библиотека „Гоце Делчев“ ги награди најредовните читатели.Слободното време секогаш е добро искористено, кога покрај себе имаш добра книга. Највозрасните читатели и покрај тоа што работниот век го поминале во читање на стручна литература, таа љубов кон книгата ја продолживаат со читање на различни жанрови.
-Овој ден е посветен на нашите ценети читатели, консументи на духовната храна од библиотеката, книгата, да им оддадеме едно признание, една благодарност, за тоа што се постојано тука со нас и се дружат со книгата, изјави Соња Манева, библиотекар.
Наградите беа поделени на најверните читатели во детско, возрасно и академско одделение. Кај децата, награди беа поделени од прво до деветто одделение, а кај возрасните во категориите пензионери, вработени и ученици.
- По заминувањето во пензија најдов задоволство во читањето на книги, имам многу книги прочитано, некаде преку 200, секоја книга е посебна за себе, навистина книгата е најдобар другар и пријател на човекот, изјави Софија Димкова, добитник на награда.
Наставничката работа изгледа не влече кон читањето, ете и јас сум професор од гимназијата во пензија, со читањето не сум од пензионирањето, читам уште од детството, изјави Зорица Атанасова, добитник на награда.
Освен пензионери, беа наградени и студенти, а добитник на овогодинешната награда за студенти е Тургај Деде од Турција.Годинава имаше и награда за штипско семејство кое прочитало најмногу книги.
Со овие симболични награди штипската библиотека има за цел да ги мотивира и поттикне штипјани да читаат повеќе, како би се стекнале со поголемо знаење, но и духовно богатство на личноста.
Освен слободна литература библиотеката има на располагање и голем избор и на стручна литература.Штипската библиотека им нуди и семејни пакети на редовните читатели. Семејството Младенови се едни од нив.За време на новогодишните и божиќните празници, па се до први февруари штпската библиотека нема да работи во сабота.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ е еден од тројцата добитници на принзниието „Ацо Шопов“ кое го додели Домот на културата на манифестација која за прв пат се оддржа во нивна организација. Добитници се и поетот Благој Самоников и Друштвото на писателите на Македонија.
Со читање на Беседата за големиот поет и револуционер Ацо Шопов напишана од поетот Христо Петрески по повод 93 годишнината од неговото раѓање, започна манифестацијата „Во чест на поетот“ која прва година ја организира Националната установа центар за култура „Ацо Шопов“ Штип.
Неговата скромност ја опишуваат и оние кои имале можност да запознаат и оние кои не го знаат. Дека е чест и огромно задоволство лично да го познаваш Ацо Шопов потврдува и Благој Самоников, штипски поет кој во далечната 1974 година имал можност да го запознае овој голем македонски поет.
Роднокрајното катче сместено во штипската библиотека и го носи името на овој значаен поет е само едно од низата проекти што оваа установа ги има посветено во чест на Ацо Шопов.
По повод 93 годишнината од раѓањето на штипскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска книжевност, Ацо Шопов ВО Штип се организираше традиционалниот рецитал „Младите за Шопов“ и манифестацијата „Пеења на тишината“.
Во спомен собата на „Ацо Шопов“ во Домот на културата во Штип денес со доделување на признанијата „Во чест на поетот“ се заокружи чествувањето по повод раѓањето на Шопов.