• 1

Соопштенија

  • 23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски +

    23 Април - промоција на „Другата Марта“ второ издание од Горјан Петревски 23 Април - промоција на „Другата Прочитај повеќе
  • СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ +

    СО КНИГА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • Зимска школа - Библиоарт 2019 +

    Зимска школа - Библиоарт 2019 НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип организира Зимска Прочитај повеќе
  • Денови на Шопов +

    Денови на Шопов Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Прочитај повеќе
  • 1

ИНФОБУС Мобилна информатичка библиотека.

„Инфобусот“ е проект добиен преку „Фондацијата Институт за Отворено Општество“ и Агенциите за развој на Швајцарија и Канада.

Инфо-бусот е патувачка информатичка библиотека вградена во автобус, која патува од едно место во друго. Таа е библиотека во мало.

Посетува 14 села и 5 приградски населби од општините Штип и Карбинци;

населбите: Македонка, Три Чешми, Балканска, Железничка и Пребек.

селата: Карбинци, Аргулица, Таринци, Калаузлија, Парналија, Јунузлија, Долни Балван, Крупиште, Чардаклија, Радање, Караорман, Радање, Лакавица и Селце;

со приближна вкупна популација од 20000 жители.

Селата се високопланински и тешки за достап, не постојат библиотеки во нивните средини, освен во две места каде постојат училишни библиотеки. Етничката и јазичната припадност е различна, со најголем број на Македонци, Турци, Власи и Роми.

Дневно Инфо-бусот посетува по 3-4 села. Посетата во селото е различна според потребите и бројот на членовите: од 30 мин. до 2 часа и 30 минути и просечно опслужува од 40-60 членови.

Месечно опслужува 600 а годишно околу 7000 корисници.  

За информирање на населението за времето и денот на посетата на Инфо-бусот во селата имаме изработено годишен распоред на посета на Инфо-бусот кој го добива секој кој станува негов член.

Поголемите села и оние села кои имаат повеќе членови во Инфо-бусот, се посетуваат 4 пати во месецот или секоја недела, а останатите села 2 пати во месецот. Должината на задржувањето во една населба е одредена спрема бројот на корисниците кои ги опслужува Инфо-бусот. Четири дена од седмицата се резервирани за посета на селата, а во петок се работи во матичната библиотека и тоа на дополнување на книжниот фонд (набавка на книги, техничка и стручна обработка на книгите), за контакти со медиуми, со невладините организации и други институции кои со нивните активности би ја збогатиле активноста на Инфо-бусот.