С О О П Ш Т Е Н И Е
Во согласност со мерките за превентивна заштита од корона вирусот од денеска се затвора и НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип
Во насока на спроведување на дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, НУ -УБиблиотека „Гоце Делчев“ од Штип известува дека од денеска ќе го применува заклучокот број 12 на Владата во кој се вели: Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 13 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период