• 1

Соопштенија

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИСРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2021“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИСРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2021“ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • Проектот „Македонски учиме, француски читаме - култура спојуваме и развиваме“ +

    Проектот „Македонски учиме, француски читаме - култура спојуваме и развиваме“ Почитувани корисници, ве известуваме дека Прочитај повеќе
  • електронско пријавување на мито и корупција +

    електронско пријавување на мито и корупција Почитувани граѓани,читатели, посетители Нацонална Установа Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2020“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ 2020 +

    МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН  НАГРАДЕН КОНКУРС  ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ 2020 По повод 23 април - Светскиот Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
Библиотеката и оваа година по четврти пат го реализира Проектот „Француски учиме, македонски читаме-култура спојуваме и развиваме“
од областа на Европски интеграции а финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.
 
По објавениот повик за учество во бесплатните курсеви по франциски јазик, истите веќе течат и се рализираат онлајн од страна на проф. Марина Рамбабова.
 
И во време на пандамија, како библиотека со помош на сите расположливи ресурси и алатки се трудиме да нашите корисници добиваат можност за едукација, надградба на своите знаења, изучување на нов јазик како можност за поголем личен развој и секако контакт и дружење со книгата.
 
252903740_10159810508830295_6632928843266870918_n.png
252694788_10159810508870295_436945179510681634_n.png
252613993_10159810508580295_6311044210657463898_n.png
252528700_10159810508785295_6020654861225971305_n.png
252342864_10159810508600295_2620735724275868433_n.png
252115808_10159810508630295_3484791294823637366_n.png
 
Во рамки на Проектот „Франциски учиме, македонски читаме - култура спојуваме и развиваме“, покрај курсевите по француски јазик се организираат и повеќе креативно-книжевни работилници на кој се разработуваат повеќе дела од македонската и француската литература како мост за спојување и поврзување на овие две земји.
 
На 01.11.2021г. учениците од СОУ „Славчо Стојменски“ со префесорката д-р Наташа Лазарева одржаа книжевна работилница на тема: „Француските и македонските автори континуирана инспирација за младите творци низ книжевните патувања во средното образование. Преставување на француските и македонските публикации (препеви и преводи)“.
 
 
252444800_10159810765675295_2862396510907066953_n.jpg
 
252384296_10159810766060295_4570301908330812821_n.jpg
 
252288800_10159810766075295_7150867988203125081_n.jpg
 
252115808_10159810766040295_4030612253763723762_n.jpg
 
 
 
„Интерпретативни плетки на стихови од македонската и француската поезија. Средновековни паралели“ е една од темите во низата активности од проектот ,,Француски учиме, македонски читаме - култура спојуваме и развиваме" во организација на НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип.
📣Студенти, книжевници, креативци и професори се дел од учесниците во проектната низа од тековни културно-уметнички случувања.
📖 Конкретново предавање со креативна работилница го реализираа студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност при УГД-Штип и литерати од Книжевно-креативниот центар при АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ, сите под менторство на доц. д-р Милена Ристова-Михајловска, која даде осврт кон стилските обележја на текстовите од македонската средновековна книжевност и ги поттикна младите литерати кон своевидна интерпретација на избраните творби и дела.
📝Студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност при УГД истражуваа и ги ,,таргетираа" делата и сличностите меѓу македонските и француските автори. Дел од нив креираа лични творби на слободна тема, испреплетувајќи уникатни мотиви во креативно - уметнички стихови.
📌,,Онлајн - настанот" се реализираше под модераторска палка на студентките, Ребека Спасова и Зорица Стојева.
🖊️Поезија читаа:
1. Златица Иванова
🇫🇷 „Непријател“ – Шарл Бодлер;
🇲🇰 „Селска мака“ – Кочо Рацин;
2. Зорица Иванова
🇫🇷 „Вампир“ – Шарл Бодлер;
🇲🇰 „Проклетството“ – Мелани Иванова;
3. Верица Апостолова
🇫🇷 „Созвучја“ – Шарл Бодлер;
🇲🇰 „Св. Петнаесет тивериополски маченици“ – лична творба;
4. Елица Тошева
🇫🇷 „Опијани се“ – Шарл Бодлер;
🇲🇰 „Биографија“ – Гане Тодоровски;
5. Мила Николова
🇫🇷 „За тебе, љубов моја“ – Жак Превер;
🇲🇰 „Пролетна копнеж“ – лична творба;
6. Сара Јанева
🇫🇷 „Тоа лице на љубовта опасно и нежно“ – Жак Превер;
🇲🇰 „Денови“ – Кочо Рацин;
7. Анета Оџакова
🇫🇷 „Јас заспивам“ – Жак Превер;
🇲🇰 „Тешкото“ – Блаже Конески;
8. Зорица Стојева
🇫🇷 „Барбара“ – Жак Превер;
🇲🇰 „Две тишини“ – Анте Поповски;
9. Ребека Спасова
🇫🇷 „Албатрос“ – Шарл Бодлер;
🇲🇰 „Крштевање“ – лична творба.
📍Автор на проектот е проф. д-р Ангеле Михајловски, а проектен координатор е доц. д-р Милена Ристова - Михајловска.
✔Асистент на реализација: Соња Манева, библиотекар.
📍Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура на Р.С.М., а проектната активност се реализираше во периодот септември - ноември 2021.
 
252544243_10159812783420295_893077877047743073_n.jpg
 
252762920_10159812783290295_7699251856289836607_n.jpg
 
252856278_10159812783710295_2660442480499402084_n.png
 
252705885_10159812783660295_27983120541861942_n.png252416489_10159812783605295_8244724392960521714_n.png