• 1

Соопштенија

  • Нашата агенда - на ваше информирање +

    Нашата агенда - на ваше информирање Ве очекуваме и во Детското Прочитај повеќе
  • Повелете утре на концерт на Градскиот хор во Амфитеатарот на Библиотеката +

    Повелете утре на концерт на Градскиот хор во Амфитеатарот на Библиотеката 18.07.2016 (понеделник) во 21:00 ч. Прочитај повеќе
  • Промоција на Библиографија за 30 години - творештво на Трајче Кацаров со 30 љубовни ,,Песни за Таја" +

    Промоција на Библиографија за 30 години - творештво на Трајче Кацаров со 30 љубовни ,,Песни за Таја Утревечер, 14.07.2016 год., 21:00 ч., Прочитај повеќе
  • Прес конференција по повод почетокот на „Бесплатната летна школа“ на библиотеката +

    Прес конференција по повод почетокот на „Бесплатната летна школа“ на библиотеката НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ од денес Прочитај повеќе
  • Купи книга....сончај се, читај и уживај ! Лето 2016 ! +

    Купи книга....сончај се, читај и Прочитај повеќе
  • 1
  • 2

По успешно спроведениот регионален натпревар во Штип, во Велес се одржа и Државниот натпревар ,,Млади библиотекари".Учество зеде младата библиотекарка, Ванеса Панова, ученичка во ООУ ,,Славејко Арсов" под менторство на проф. Милкица Миленковиќ.

mladibibl4

Во силна конкуренција, нашата претставничка беше четврто рангирана со освоени 99 бода. Честитки за успехот со желби за напредок и многу нови знаења!Како претставници од НУ-УБ ,,Гоце Делчев", денес во Велес присуствуваа библиотекарките Ирена Јорданова и Жаклина Петрушева.

mladibibl1

mladibibl3

„Весела среда“ се повеќе се покажува како успешна содржина на НУУБ „Гоце Делчев“.На пример, денес наша цел повторно беше ширење на љубов кон книгата, преку заедничко дружење и ликовно изразување.

среда2

Нашите ученици од ПОУ "Ванчо Прке" од Ново Село изработија цртежи со книги и прочитаа по неколку редови од нашите убави книги. Секоја среда, со нова содржина се обидуваме да го прошириме убавиот збор за книгата и да ги научиме децата, уште од најмала возраст да разберат дека книгата може да биде добар и траен сопатник од кој може да се научи речиси се за животот.

среда1 среда3

Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит и Здружението КУРС од Сплит спроведуваат заедничка културно-уметничка соработка во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2016. Тие ќе го претстават програмот „СМОШ-Фестивал на книжевност и музика“ во три града во Македонија, Охрид, Штип и Скопје.

Проектот има за цел културно поврзување на Македонија и Хрватска и продлабочување на нивните пријателски врски.

mkd cro1

На 30 октомври 2016 предвидено е претставување во Штип во НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип со почеток во 18:00 часот. На манифестацијата ќе се претстават „Клинци-Мандолинци“, Книжевност во живо со сплитските писателки Тонка Алуевиќ и Слободанка Џуџерија.

Клинци-Мандолинци ги сочинуваат Никола Митревски, Мате Кошутник (мандолина), Јероним Башиќ (мандола), Бригита Бановиќ (мандолончело) и Иван Новаковиќ (гитара) кои исполнуваат Македонски и Хрватски традиционални народни песни и кои дејствуваат веќе три години како дел од МКД „Македонија“ од Сплит под водство на професорот Ивана Кенк Калебиќ.

предаваистор0

Во НУУБ „Гоце Делчев“ се оддржа предавањето и претставувањето на едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“ како дел од одбележувањето на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Гледајќи кон иднината, младите забораваат на минатото, констатирале историчарите:

- Историјата е учителка на животот, но за жал од неа се поналку се учи и се вадат поуки - рече Тодор Чепреганов, универзитетски професор.

предаваистор1

Освен обичниот народ и голем број научници од областа на историските науки, досега се соочувале со проблем на соодветен материјал, нешто што е надминато со едицијата „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“:

- Материјалите беа концентрирани на еден период и вакум за друг, па мораше да се прибирата информации и од соседството, истакна Соња Николова, промотор.

предаваистор2

Вакви проблеми сега ќе немаат студентите по историја кои сите потребни материјали ќе можат да ги најдат на едно место:

- Едицијата е достапна во нашата студентска читална и на располагање на сите заинтересирани, рече Милена Ристова - Михајловска, директор на НУ – УБ „Г. Делчев“ – Штип.


Токму оваа едиција беша промовирана во Штип.Ваквите промоции се одлична можност да научиме нешто ново, рекоа посетители.

предаваистор3

Д.Р.

19/10/2016

Продолжува есенскиот саем „Листови“ на НУУБ „Гоце Делчев“ во Штип. Голем број на ученици ги посетија штандовите на издавачите а секако книгите беа во центарот на интересот и на повозрасни штипјани. Цените привлечни, насловите различни, од стручна литература до белетристика. За секого по нешто.

Библиотеката ја искористи можноста на својот штанд да ги претстави насловите од 135 тома македонска книжевност кои се продаваат по цена од 157 денари ! Утре е третиот и последен ден од саемот. Повелете !

вторденсаем1

вторденсаем2 вторденсаем3

вторденсаем4 вторденсаем5

вторденсаем6