Од одржаниот 1 Меморијален литературен награден конкурс посветен на нашиот роднокраен поет Ристе Јованов - Малец релизиран во соработка со ЛК „Искра“.
Настанот е дел од програмата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право па затоа на почетокот пред присутните беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и проф.д-р Анастасија Ѓурчинова од страна на Соња Манева - библиоекар и ученичката Сара Наскова, по што следуваше литературно читање на нагредените творби и беа доделени дипломи и книги.
За ликот и делото на Ристе Јованов -Малец свое обраќање имаше Делчо Везенковски - Вујче, член на ЛК „Искра“ а стихови од неговата поезија читаше претседателот на клубот Миланчо Миленкоски. Своја лична творба посветена на поетот прочита и Благица Ефремова - роднокрајна авторка и член на клубот.

