• 1

Соопштенија

  • Согласност за нацрт годишна програма на Националната установа +

  • Одлука за работно време летен период 2023-та +

  • Литературен конкурс за ЕСЕЈ на „Поетските љубови, маки и сонувања по родното место на Ацо Шопов“ +

    ПОГЛЕДИ ГО КОНКУРСОТ НА СЛЕДНИОВ Прочитај повеќе
  • Jавен оглас и пријава за вработување во НУУБиблиотека „Гоце Делчев„-Штип +

    ЛИНК ДО ОГЛАС ЛИНК ДО Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2022“ +

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
21 Февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик, библиотеката во сорабтка со Филолошкиот факултет при УГД - Штип го одбележа со предавање и книжевно-јазична работилница на тема „Јазикот -корен на книжевноста. Мајчиниот јазик -аманет за поколенијата“.
Учесници во работилницата беа ученици од 9 одделение од ООУ „Ванчо Прке“ со професорката Јорданка Тодорова и средношколци четврта година од СОУ „Славчо Стојменски “со професорката Маријана Василева, членови на Академија „Еуроарт“. Асистенти во реализација на настанот беа студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност Верица Милорадова, Ване Дериволов и Катерина Тасева и Катедрата по германски јазик и книжевност Меги Димова.
Пред присутните учесници се обратија директорот на библиотеката Тодор Џидров, деканката на Филолошкиот факултет д-р Драгана Кузмановска и библиотекарката Соња Манева која истакна дека библиотеката ја негува лингвистичката и културната различност и мултилингвизмот со тоа што во својот фонд има литература не само на македонски јазик туку и на голем број други јазици.
Предавачи кои ги запознаа учениците и студентите со корените на македонскиот јазик и неговата правилна употреба и говорење, за потребата од негово чување и негување беа д-р Милена Ристова - Михајловска и д-р Ана Витанова -Рингачева.
Изучувањето на мајчиниот јазик започнува во семејството а потоа се надградува и усовршува во воспитно-образовниот процес., а имајќи предвид дека библиотеката е и воспитно -образовна установа, нашето делување секогаш е во насока на подигање на квалитетот на тој процес.
Настанот е во рамки на проектот „Француски учиме, македонски читаме-култура спојуваме и развиваме“од областа на европски интеграции а финансиски подржан од Министерството за култура на С.Македонија.
 
 
274606439_10160042707065295_3672321542075935278_n.jpg
 
274632807_10160042704770295_8371917894497683082_n.jpg
 
274594707_10160042689450295_4559650230100889015_n.jpg
 
274684419_10160042705235295_6368828976177494853_n.jpg
 
274678603_10160042690065295_4908739209251665503_n.jpg