Денес во библиотеката ни беа малите второодделенци од ПОУ „Тошо Арсов“ со наставникот Коце Харазинов.
Ги запознавме со услугите на библиотеката кои ги нуди за нив, за значењето на книгата и читањето и прочитавме убава приказна за патот на книгата додека да пристигне во нивните раце и си ветивме дека често ќе другаруваат со неа и на следната посета тие самите ќе ни читаат.