На 27.04.2021 со подготвителните активности и избор на стихови и нивна визуеализација започна Манифестацијата „Денови на Шопов“-2021
од Годишната програма за работа а по повод 39 години од смртта на нашиот сограѓанин и роднокраен автор Ацо Шопов, се со цел зачувување на споменот за неговиот лик и дело и пренесување на идните генерации затоа што му го должиме тоа. На 28.04.2021 година преку ZOOM платформата се одржа креативно книжевна работилница со предавања за неговиот лик и творештво, со интерпретација на негови стихови од страна на ученици и студенти, изучување на техники за креативно пишување и создавање на есеи и стихови.
Предавачи на работилницата беа д-р Наташа Лазарева и д-р Милена Ристова Михајловска.
Учесници во работилницата беа ученици од ООУ„Славејко Арсов“под менторство на наставничките Драгица Петрова и Милкица М. Стојанова и ООУ „Димитар Влахов“под менторство на наставничката Наташа Митев, средношколци од СООУ „Славчо Стојменски“како и студенти од Филолошкиот факултет, катедра по македонски јазик.
Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија