Со цел промоција на книгата и читањето библиотеката мора да оди во чекор со времето и да ги следи трендовите на новите генерации, па така нашите библиотекари на иновативен и креативен начин се трудат да ја приближат книгата на младите...
Кампањата "Селфи во библиотека" успешно започна и ќе трае сѐ до крајот на годината кога нашата комисија ќе одбере 10 најкреативни фотографии, и ќе додели бесплатно годишно членство на истите. Направи селфи и прати нѝ на нашата ФБ страна, на маил или на Инстаграм страна gradska.biblioteka.stip
Ве очекуваме во вашата библиотека, во одделот за деца, секој ден од од понеделник до петок од 8h до 18h.